Intel во текот на Odyssey настанот, во рамки на GDC 2019, на тесен круг ентузијасти им ја прикажа претстојната графичка картичка за професионални и гејминг пазари.
Прикажани се неколку концепти на дизајн, сугерирани од фановите. Многумина се надеваат дека тоа што Intel е толку самоуверен да може да прикаже концепт дизајн, ќе доведе до тоа компанијата на крајот да искористи некои од овие решенија, дури и доколку тоа биде во форма на неколку производи со исти спецификации, но различен дизајн.
Рендерите изгледаат многу слично на прикажаната, но никогаш објавена Radeon Vega Nano графичка картичка, која Крис Хук ја прикажа пред лансирањето на Vega. Хук сега работи за Intel, така што не чуди дека потенцијалниот дизајн на претстојната графичка картичка на Intel би можел да потсетува на Vega Nano.
Главниот прототип на Intel Xe графичката картичка изгледа идентично на дизајните кои ги креираше Кристијано Сикеира во текот на 2018. година.