Уште еднаш протекоа информации од официјалното PR одделение на јужнокорејската компанија, а овој пат Samsung Indonesia страницата на англиски јазик ги споменува предностите на “максимално искористениот Infinity екран без notch”.
Меѓутоа, страницата спомненува дека опцијата ќе биде достапна само за Samsung Galaxy A90. Исто така, дизајнот без “notch” не значи дека Galaxy A90 ќе се определи за punch hole селфи камера, како она што го нудат телефоните од Galaxy S10 серијата. Претходно протечените информации сугерираа дека A90 би можел да биде прв смартфон на Samsung со pop-up камера. Фотографијата која го следи текстот е очигледно за некој друг телефон од A серијата.
Постојат големи шанси дека Galaxy A90 ќе биде главна ѕвезда на настанот на Samsung, кој ќе биде одржан на 10. април и кој ќе се фокусира на A серијата паметни телефони.