Финските власти објавија дека започнале истрага против Nokia заради можното неовластено пренесување лични податоци на корисниците на Кина.
Мобилните телефони на Нокиа се произведуваат под лиценца на финската компанија Глобал ХМД, која рече дека никакви лични податоци не се споделени со трета страна, иако таа призна постоење на софтверска грешка кај една серија телефони, која е, сепак, поправена, според Ројтерс.
Финскиот омбудсман за заштита на личните податоци, Реијо Арнио, ѝ рече на британската агенција дека ќе испита дали имало прекршок во врска со загрозувањето на личните податоци и дали постои законско оправдување за тоа.
Норвешкиот јавен сервис НРК вчера извести за случај на кршење на правата за заштита на личните податоци на моделот „Nokia 7 Plus”, произведен од HMD. Според НРК, компанијата потврди дека одреден број од овие модели испраќаат податоци до кинескиот сервер.
Во Nokia не сакаа да ги коментираат таквите обвинувања.