Услугата на Google за бекап, уредување и споделување на фотографии, Google Photos доби опција за брз бекап, со пропратниот негативен ефект за намалување на квалитетот на фотографиите и видео содржините.
Google Photos за мобилните уреди доби нова опција. Се работи за функцијата Express backup, која ќе им се придружи на претходните опции кои се однесуваа на квалитетот на снимените фотографии (Изворниот квалитет и Високиот квалитет).
Опцијата Express backup наместо на квалитет, акцентот го става на брзината на снимање на фотографиите, секако со пропратно намалување на нивниот квалитет и резолуција.
Конкретно, се врши намалување на фотографиите на резолуција од 3 мегапиксели, додека видео записите се намалуваат на 480p. Квалитетот на истите е сосема доволен за употреба на мобилните уреди и социјалните мрежи.
Поврзани артикли