Земајќи ги предвид комуникациските потреби на корисниците за што повеќе интернет, телекомуникациската компанија Vip со задоволство ја најавува најновата промотивна понуда наменета за сите пост пејд корисници на мобилната телефонија со која овозможува неограничено користење мобилен интернет за омилените социјални мрежи без при тоа да го трошат месечниот интернет предвиден во претплатата.
Ова е единствена можност за сите резидентни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват веќе постоечкиот договор во Vip Neo M тарифниот модел да ги искористат погодностите на новата промоција и бесплатно да го добијат Vip Go Social, пакет со неограничен интернет со кој корисниците можат да ги користат омилените социјални мрежи Facebook, Instagram, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp.
“Vip повторно ја докажува својата посветеност за обезбедување најдобра понуда за неограничена комуникација согласно со навиките и потребите на корисниците во дигиталната ера. Со Vip Go Social корисниците можат опуштено да споделуваат фотографии, видеа, да се допишуваат со пријателите, да гледаат и да постираат на инстаграм и фејсбук сторис без притоа да го трошат интернетот вклучен во нивната месечна претплата“, изјави Елена Панова маркетинг директорка во Vip.
Дополнително, со склучувањето нов договор корисниците добиваат можност да изберат меѓу атрактивните смарт телефони меѓу кои и Samsung Galaxy J4+ 2018 за 169 денари месечна рата.
Сите постоечки корисници, пак, ја добиваат можноста да станат корисници на пакетот Vip Go Social со едноставна активација преку СМС или апликацијата Mojot Vip со месечен надоместок од 199 денари.
За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.
Поврзани артикли