Google+ не е единствениот сервис на компанијата Google кој ќе престане со работа на 2. април. Судејќи според се и Inbox мејл сервисот ќе биде изгасен на истиот датум. Технолошкиот гигант минатата година објави дека планира да прекине со работа на својот сервис за попаметно управување со мејл пораките.
Google почна да ги известува корисниците дека Inbox ќе престане со работа на почетокот на април, а пораките им се појавуваат на корисниците кога ќе ја стартуваат апликацијата. Известувањето, исто така, вклучува и линк кон Gmail апликацијата, за да се осигура дека актуелните корисници ќе продолжат со користење на Google производите.
Gmail за мобилните уреди веќе има некои од најкорисниците функции од Inbox, како што се Smart Reply, Smart Compose и Follow-ups. Апликацијата, исто такa, доби дизајн во целосно бела боја, за повеќе да потсетува на Inbox.