Kомпанијата Google најави дека работи на поевтини верзии на популарниот модел.
Наводно се работи за уредите Google Pixel 3a и Pixel 3a XL, кои би требало да се појават на пазарот веќе следната пролет.
Гласините за новите верзии на Pixel се појавија од поодамна, а сега дознаваме и неколку детали за нив. Останува непозната нивната цена, но би требало да бидат околу 100 евра поевтини од актуелниот Pixel 3, кој чини 600 долари.
Според последните извештаи, Google Pixel 3a ќе има 5,6-инчен OLED екран со резолуција од 2.220х1.080 пиксели, потоа процесор Qualcomm Snapdragon 670, 4GB RAM, задна камера од 12 MP и предна селфи камера со 8 MP и широк агол на леќата, како и батерија од 3.000 mAh. Моделот Pixel 3a XL веројатно ќе има 6-инчен екран, но информации за процесорот и камерата засега не се познати.
Двата уреди ќе имаат USB-C конектори, 64GB внатрешна меморија, Active Edge сензори за притисок кои ќе бидат позиционирани на страните од уредот, сигурносен чип Titan M, како и технологија за брзо полнење со јачина од 18 W. Исто така, купувачите ќе можат да одберат помеѓу црна или бела боја за двата уреди.
Извор: Klix.ba