Mozilla ја понуди најновата верзија на својот популарен интернет браузер Firefox, која искуството на користење интернет би можела да го направи помалку непријатно.
Firefox отсега автоматски ќе блокира видео со звук кој автоматски се стартува при посета на интернет страница, меѓутоа видеото кое ќе се стартува без звук, нема да биде блокирано автоматски. Поради тоа, јасно е дека Mozilla се фокусира на одреден тип на видеа кои ги иритираат корисниците. Исто така, клиповите кои се стартуваат автоматски откако кориснмикот ќе прегледа едно видео на YouTube ili Netflix не спаѓаат во групата на оние кои ќе бидат блокирани.
Прегледникот на Google, Chrome има слична можност веќе една година, но Chrome не блокира видеа со звук на секоја интернет страница, како што тоа го прави Firefox. Исто така, во случајот на Firefox, на корисниците им е многу полесно побрзо да ги одобрат интернет страницата со видеа, кои не сакаат да го блокираат Facebook.
Firefox 66 исто така го решава проблемот на “прескокнување” на интернет страници поради побавно вчитување фотографии и реклами. Новата верзија на прелистувачот ја “заклучува” позицијата која ве интересира, така што интернет страницата нема да прави автоматски скрол, додека читате некој текст, поради на пример, банер кој се вчитал на врвот на страницата.
Апдејтот на Firefox можете да го преземете тука.