Sony на својата официјална интернет страница обкави дека развива нова супер-брза мемориска картичка. Се работи за CFexpress Type B картичка од новата генерација, за која производителот наведува дека благодарение на своите спецификации ќе биде идеална за професионална и индустриска употреба.
За почеток ќе биде достапна во капацитет од 128 GB, а за подоцна во план се два дополнителни модела со поголем капацитет, од 256 GB и 512 GB. Моделот XFexpress Type B е дизајниран врз основа на новата спецификација, која ја користи најновата PCIe Gen3 технологија според стандардот на CompactFlash асоцијацијата.
Sony CFexpress Type B е околу три пати побрза од најбрзата Sony CFast мемориска картичка (со брзина на читање од 530MB/s). Оваа картичка, со брзина на запишување на податоци до 1480 MB/s ги задоволува идните барања на индустријата со сигурно снимање на податоците и барања на професионалците за снимање фотографии или видео записи од висока резолуција.
CFexpress Type B не е само брза во снимањето податоци, туку и во нивното читање штп ја чини брзината до 1700 MB/s. Со новата мемориска картичка ќе пристигне и нов снимач – MRW-G1 кој е оптимизиран за работа со новата картичка, но и кој ги поддржува постарите Sony XQD картички од сериите G и M.
Поврзани артикли