Првата онлајн конференција по повод Светскиот ден на бекапот која ќе биде од бесплатен карактер и е наменета за сите луѓе кои поседуваат компјутер ќе се одржи на 29. март, во периодот од 14 до 16 часот.
Насловот на конференцијата е “Let’s Make BackUp for All!”, а организатор и домаќин е компанијата B-Up, која е дел од Inbox архивскиот дата центар). Според организаторите, целта на овој настан е да се крене свесноста за значењето на бекапот и да стане достапен за сите!
На коференцијата ќе има четири говорници од различни области, приватен сектор, експерти од МАСИТ и ИнноФЕИТ кои ќе зборуваат на теми како “Осврт на МК пазарот” , “Бизнис континуитет преку BackUp – must for GDPR”, “Ransomware as a Service” и “Cyber security (колку се сигурни Вашите податоци со online backup)”
Сите заинтересирани можат бесплатно да се регистрираат на веб-страницата – www.bup.mk/lmba.
По завршување на конференцијата, компанијата B-Up најави дека ќе креира eBook – прирачник за компаниите во случај на хаварија.