Благодарение на информациите кои веќе подолго време се шират низ бројните веб-страници и портали, веќе знаевме голем број детали за новиот Redmi 7. Но, вчера Xiaomi и официјално го претстави новиот модел од својот подбренд.
Очекувањата за Redmi 7 би требало да бидат исти како за сите уреди од подбрендот на Xiaomi: повеќе од солидни перформанси со ниска и прифатлива цена, а добиваме впечаток дека купувачите ќе го добијат токму тоа.
Redmi 7 користи процесор Snapdragon 632, има од 2GB до 4GB RAM и внатрешна меморија која може да варира од 16GB до 64GB, во зависност од верзијата на телефонот. Моќниот 6,26-инчен HD+ екран заштитен со Gorilla Glass 5 стакло доаѓа поддржан од батерија од 4.000 mAh. Xiaomi му вгради на овој модел и заштита од вода, така што ниту дождот нема да претставува проблем за Redmi 7.
Смартфонот има две задни камери – главна од 12 мегапиксели и сензор за длабочина од 2 мегапиксели. На предната страна, уредно сместена во мал „notch“, е сместена селфи камера од 8 мегапиксели, која се користи и за отклучување на телефонот со помош на препознавање на лицето.
Што се однесува до цената, основниот модел со 2GB RAM и 16GB внатрешна меморија ќе чини 104 долари, средниот модел со 3GB RAM и 32GB внатрешна меморија ќе чини 119 долари, додека најмоќната верзија со 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија доаѓа по цена од 149 долари. Redmi 7 ќе биде достапен во црна, сина и црвена боја.
Извор: Klix.ba