Новиот извештај, кој пристигнува директно од кинескиот синџир на снабдување, сугерира дека претстојниот iPhone 11 ќе пристигне со систем со три камери на задната страна.
И претходно слушнавме информации од овој тип, така што сега се уште поголеми шансите дека ова ќе се обистини. Гласините сугерираат дека новиот систем на камери ќе биде сместен со облик на четвртест, испакнат модел (слично на она што го нуди Mate 20 Pro), а ќе биде достапен за двата премиум модела.
Од друга страна, наследникот на iPhone XR исто така ќе добие надградба, а се очекува дека моделот ќе има две камери на задната страна.