Во последните неколку години, американската вселенска агенција НАСА загубила 74 научници. Некои од нив животите ги загубиле случајно, а некои наводно направиле самоубиство.
Алберто Бехар е еден од научниците кои животот го изгубил во авионска несреќа во 2015 година во Лос Анџелес. Бехар бил водечки научник кој открил докази за присутност на вода на Марс. Бил експерт за роботика кој истражувал како роботите функционираат под вода или во самиот вулкан.
Исто меѓу теоретичарите на заговор се споменува и името на Мелиса Кетунути, која била лекар истражувач и барател на лекот за рак. Таа била пронајдена запалена жива во својот дом. Причината за нејзината смрт била резултат на самоубиство, е наведено во истрагата.
Глен Томас и Јер Ланг заедно биле на летот MH17, кој бил соборен над источниот дел на Украина во 2014 година. Томас и Ланг се подготвувале за говор на тема за болестите ебола и сида, но загинале пред да стигнат на конференцијата.
Меѓу загинатите била и доктор Ен Саревски (53) која бил светски експерт за пронаоѓање на лекот за рак на матката, а дел од заговорниците сметаат дека таа успеала да ја открие вакцината против рак на грлото на матката.
Од сите пронајдени мртви научници, најконтроверзен трагичен настан била несреќата на инженерот по електроника Шејн Труман Тод, кој загинал во 2012 година. Неговото тело било најдено во мртовечница во Сингапур.