Подбрендот на Huawei, Honor подготвува уште еден член на Honor 10 серијата паметни телефони. Со дизајнот сличен на Honor 10 Lite моделот, новиот паметен телефон се истакнува по својата тројна задна камера и би требало да го добие името Honor 10i. Оваа информација, како и фотографиите од наводниот уред пристигнуваат од руската интернет страница Hi-Tech (hi.tech.mail.ru).
Honor 10i ќе содржи 6,2-инчен FHD+ IPS LCD екран, Kirin 710 чип, 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Фотографската компонента се состои од споменатата тројна задна камера, која се базира на една 24-мегапикселна, една 8-мегапикселна и еден 2-мегапикселен сензор. Од предната страна се наоѓа селфи камера со 32-мегапикселен сензор.
Капацитетот на батеријата не е познат, но вградената батерија ќе поддржува брзо полнење. Засега нема информации кога овој паметен телефон би можел да се појави на пазарот.