Oppo моментно работи на два различни смартфони – едниот ја носи кодната ознака OP46C3, а другиот CPH1917. Но, двата уреда имаат барем една заедничка точка, а тоа е камерата со 10x зум.
И додека OP46C3 моделот ќе се темели на Snapdragon 855, за CPH1917 – Reno Oppo го намени послабиот Snapdragon 710. Изворите велат дека Reno ќе има 6,4-инчен екран со FHD+ резолуција и две задни камери. Понатаму, се споменуваат и черири камери – три од задната и една од предната страна.
Главната камера ќе има резолуција од 48 MP (Sony IMX586), дополнителната 5 MP, а третата камера е со 10x Lossless Zoom технологија. Љубителите на селфи би требало да добијат камера со резолуција од 16 мегапиксели.
Reno од софтверска страна ќе го има ColorOS 6.0 кој се темели на Android 9.0 Pie. Според изворите, Oppo би требало новиот Reno model да го престави на 10. април оваа година.