Подобрувањата се однесуваат на пријавувањата на содржините во кои се изнесуваат приватните информации на корисниците. Корисникот сега може да пријави твит кој е навредлоив и штетен или содржи приватни податоци.
На овој начин на корисниците им е овозможено да пријават твит, доколку на пример содржи приватени податоци како што е телефонскиот број, адресата на електронска пошта, куќната адреса или податоци за сметка во банка.
Целта на овие промени е подобрувањето на ефикасноста на самата услуга на корисничка поддршка на Twitter, заштитата на приватноста на корисниците и побрзото и потранспарентно решавање на пријавувањето на спорните содржини кои се објавуваат на платформата.