Компанијата Microsoft соопшти дека нејзиниот оперативен систем Windows 10 се користи на 800 милиони уреди ширум светот.
Оваа бројка не ги вклучува само десктоп и лаптоп компјутерите, туку и хибридите како што е Surface Pro, конзолите како Xbox One X, како и смартфоните кои го користат Windows 10 Mobile.
Со 800 милиони уреди Windows 10 стана најпопуларен оперативен систем на светот, но се уште не ја достигна првобитната цел на Microsoft, а тоа се милијарда уреди за две до три години од излегувањето во 2015. година. Microsoft беше присилен да го продолжи овој рок, поради неуспехот на мобилната верзија Windows 10 Mobile, на која поддршката ќе и биде укината на крајот од годината.
Windows 10 минатата година го надмина Windows 7 во популарноста и моментно е инсталиран на 40 проценти персонални компјутери. Windows 7 го држи второто место со удел од 38,5 проценти, додека најпопуларната верзија на MacOS, 10.14 Mojave зазема помалку од пет проценти на пазарот.