После четири успешни изданија, EESTEC LC Skopje ви го најавува и петтото издание на Code App Level Up, кое ќе трае од 15 април до 21 април под темата Startup Edition powered by Vip.

Имате идеја, но не знаете како да ја реализирате и да започнете сопствен стартап бузнис? Овогодинешниот натпревар на Code App Level Up: Startup Edition powered by Vip кој ќе започне на 15 април и ќе трае до 21 април е совршена можност за вас. Целта на натпреварот е да ги едуцира и насочи младите кон правилна имплементација на своите ИТ идеи, да се поттикне претприемачкиот развој.

Дел од настанот ќе бидат предавачи и ментори кои зад себе имаат успешни стартап проекти и кои своето искуство ќе им го пренесат на учесниците. Тимовите во текот на целиот натпревар ќе работат со своите ментори од кои ќе добијат насоки и совети како да ја имплементираат својата идеја.