Се чини дека сите пропусти на Facebook стигнаа за наплата, а тоа го докажува и новото истражување, според кое се повеќе Американци ја напушта оваа социјална мрежа. Во САД сега има 15 милиони корисници помалку, за разлика од 2017. година.
Според истражувањето кое го изврши истражувачкиот тим Edison Research, 80 проценти од Американците ги користат Twitter, Snapchat и Instagram повеќе отколку Facebook.
“Бројката од 15 милиони не е занемарлива, мислам дека со сигурност може да се каже дека тоа е значителен пад на бројот на корисници. Петнаесет милиони луѓе се многу, од кој агол и да гледате. Претставува шест проценти од целосната американска популација и на некој начин претставува дел од трендот. Ова е втора година по ред како гледаме значителен пад на користењето на оваа социјална мрежа”, изјави Лери Росин, претставничка на истражувачкиот тим.
Додаде и дека овие резултати и ситуацијата ќе се одразат и на оние кои вложуваат во Facebook. Исто така, зборуваше за фактот дека Facebook станал попопуларен помеѓу постарите генерации, што значително се одразува на оние помладите.
“Се чини дека останатите социјални мрежи се попривлечни од Facebook, барем од перспективата на младите луѓе”, заклучи Росин.
Поврзани артикли