Мал остров во Пацификот размислува да го промени своето име, наместо да биде именуван во чест на британскиот истражувач Џејмс Кук.

Многу е можно Куковите Острови (Cook islands) повеќе да не постојат, барем не под тоа име.

Малата пацифичка нација, инаку популарна егзотична дестинација меѓу туристите, размислува да го смени името, така што повеќе нема да биде поврзувана со капетанот Џејмс Кук. Наместо тоа, острoвите сакаат да носат полинезиско име, кое ќе го одразува идентитетот на луѓето.

„Многу сум среќен што ќе побараме некое традиционално име кое подобро ќе ја одрази вистинската култура на Полинезија и на нашата островска нација“, истакнал вицепремиерот Марк Браун.

Со цел да се заборави на колонијалното минато на островот, се одржал и состанок со поглаварот на главното племе Па Мари Арики. Има листа на предлози со 60 имиња кои ќе бидат јавно изнесени, а луѓето ќе ги изберат омилените.