Освежениот Skype за веб пристигна, што значи дека Chrome и Edge корисниците повеќе нема да мораат да ја користат самостојната апликација на сервисот, за да им пристапат на функциите како што се HD видео поврзување и снимање повици. Сервисот, исто така, доби и неколку подобрувања на интерфејсот, за да се олесни следењето на содржините во разговорите.
Првото подобрување е новиот панел за известувања, кој му овозможува на корисникот на едно место да види, секој пат кога некој ќе го спомене или цитира. Тука е новата медиа галерија, која ги содржи сите линкови и медиски содржини испратени преку чет, овозможувајќи брзо пронаоѓање на фотографии и други содржини без скролање низ долгите редови на разговорот. Присутна е и новата функција, која овозможува пребарување во рамките на индивидуалните разговори.
Освежениот Skype за веб е достапен на уредите кои користат Windows 10 или мacOS 10.12 Sierra или понов оперативен систем. Новата верзија на сервисот работи на Chrome и Edge прелистувачите, како и на другите браузери базирани на најновата верзија на Chromium (како што се Vivaldi и Brave). Firefox, Safari и Opera моментно не се поддржани.