Преку технологијата на NASA наречена „воздух на воздух“ имаме шанса да ја видиме првата фотографија од суперсонични авиони во лет, кои го брануваат воздухот.
Оваа технологија, покрај тоа што произведува убави фотографии, ќе им помогне на инженерите во NASA да дизајнираат поефикасни летала кои само нежно ќе пловат по воздушните бранови наместо гласно да ја кршат звучната бариера.
Проектот е наречен AirBOS, односно Air Background Oriented Schlieren flights, и тој неодамна беше активен за време на тест-летовите спроведени во центарот за истражување на летови на NASA, кој се наоѓа во Калифорнија.
„Податоците кои ги добивме од овој тест се навистина многу значајни и ќе ни помогнат во иднина, за подобро да разбереме како реагираат воздушните бранови на леталата“, изјави Нил Смит, инженер во NASA.
Со новите податоци, инженерите на NASA ќе го подобрат и усовршат дизајнот на концептот X-59 Quiet SuperSonic Technology X (поедноставно наречен X-59 QueSST, кој ќе биде способен да лета во суперсонична брзина без да произведе соничен бум, туку само потивок звук, кога ќе ја надмине брзината на звукот.
Суперсоничен авион со овие способности ќе може да добие дозвола да лета над земја, што во моментов не е дозволено за суперсоничните авиони во САД и многу други земји од светот.
Поврзани артикли