Корисничкото искуство е приоритет број 1 на Samsung, a тоа е евидентно по начинот на кој се продаваат уредите од оваа компанија. Купувачите на смартфони од серијата Galaxy S10 нема да имаат потреба да одвојуваат дополнителни пари за заштита на екранот, бидејќи ќе ја добијат бесплатно.
Samsung и официјално потврди дека новите флегшип модели, Galaxy S10 и Galaxy S10 Plus, ќе пристигнат кај корисниците со однапред поставена заштита на екранот.
„Оваа одлука е донесена за да се подобри вкупното искуство на корисникот, за да се подобри издржливоста на екранот и полната функционалност на ултрасоничниот сензор за отпечаток на прсти кој го поседуваат Galaxy S10 и S10 Plus“, беше соопштено од компанијата.
Меѓутоа, кога заштитата ќе се изгребе или оштети, ќе биде потребно да се купи нова. Додека Travel Adapter-от, USB конекторот и AKG слушалките доаѓаат со едногодишна гаранција, заштитата на екранот нема никаква.
Заштитната на екранот на Samsung инаку чини 29,99 долари, а компанијата бара од препродавачите да ѝ најдат место во нивната понуда. Причината за тоа е што Samsung не може да гарантира дека заштитата направена од традиционално стакло и полиуретански материјал ќе овозможи правилна работа на ултрасоничниот сензор за отпечатоци.
Galaxy S10 чини 899 долари, а нешто поголемиот Galaxy S10 Plus чини 999 долари.
Поврзани артикли