Минатиот месец, Huawei го претстави Y6 Pro 2019 телефонот од долниот сегмент на пазарот. Сега кинескиот производител ја објави варијантата без “Pro” во името, која е наречена Huawei Y6 2019.
Huawei Y6 2019 од Pro варијантата се разликува по количината на RAM и достапноста на сензорот за отпечатоци од прсти. Моделот Y6 Pro 2019 има 3GB RAM и нема сензор за отпечатоци, додека Y6 2019 пристигнува 2GB RAМ и на задната страна има поддршка за сензор за отпечатоци од прсти.
Доколку ги изземеме наведените разлики, сите останати карактеристики се идентични за двата телефона. Huawei Y6 2019 го покренува Helio A22 SoC, а за софтверот е задолжен Android Pie-базираниот EMUI 9. Телефонот има 32GB простор за складирање, кој е можно да се прошири преку microSD слот.
Дисплејот на уредот е 6.09-инчен со HD+ резолуција, а екранот пристигнува со TÜV Rheinland сертификација, која го блокира синото светло кое може да биде штетно за очите.