Како што беше и најавено, оваа недела официјално е претставен Redmi Note 7 Pro. Индија е нов светски популарен пазар за бројните производители на телефони, па по претставувањето на Galaxy A10 моделот, и Redmi одлучи во Индија да го официјализира Note 7 Pro.
Redmi Note 7 Pro пристигнува со сите очекувани карактеристики, кои беа тема и на претходните протечени информации, па тука се Snapdragon 675 чипсетот, 48MP главна камера, 128GB простор за складирање.
Чипсетот на смартфонот има осумјадрен процесор на 2GHz, а спарен е со Adreno 612 GPU. Сензорот на камерата од 48 MP на задната страна е Sony IMX586 и претставува надградба во однос на Samsung GM1 сензорот, кој го имаат Redmi Note 7 моделите и бројните други телефони од средниот сегмент. Note 7 pro пристигнува во две опции на меморија и простор за складирање: 4GB RAM + 64GB меморија и 6GB RAM + 128GB складирање, заедно со microSD слот.
Дисплејот е со големина од 6,3 инчи со Gorilla Glass 5 заштита (која е присутна и на задниот панел), додека батеријата е со капацитет од 4000mAh. Телефонот поддржува Quick Charge 4, но пристигнува со обичен 10W полнач во пакувањето.
Redmi Note 7 Pro ќе биде достапен од 13. март во Nebula Red, Neptune Blue и Space Black варијанти. Достапноста и цените за глобалниот пазар се уште не се потврдени.