Honor Magic 2 3D ќе имплементира 3D скенер на структурирано светло во веќе познатиот дизајн на оригиналниот Honor Magic 2 модел, кој покрај 16MP камера, веќе имаше два depth сензора од предната страна.
Споменатиот 3D скенер ќе може да работи дури и во темнина, со следење од 10.000 точки. Дополнителната биометриска сигурност, која ќе ја нуди сензорот, ќе се користи за заштита на AliPay (мобилна платформа за плаќање на познатиот сајт Alibaba)
Honor Magic 2 3D ќе користи Kirin 980 чипсет, со додаток на подлога од графен за ладење, која ќе помогне во одржување на стабилни перформанси во текот на долг период. Телефонот ќе биде достапен само во 8GB RAM/512GB варијанта и ќе чини околу 760 евра.
3D моделот ќе го задржи дизајнот со слајдер, како и 3500 mAh батерија од оригиналниот модел, со опцијата од 40W брзо полнење. Со исклучок на измените со додаток на 3D сензори, поголемо складирање и графенско ладење, телефонот дел во најголем ќе го задржи оригиналниот дизајн.