Главниот извршен директор на One Plus, Пит Лау во интервју за интернет страницата CNET потврди дека идниот One Plus паметен телефон кој ќе се појави на пазарот нема да ја има опцијата за безжично полнење на батеријата.
Бидејќи OnePlus 7 нема да ја имаа оваа оцпија поради намалување на трошоците, но и поради фактот дека OnePlus сака да ги нагласува предностите на сопствената технологија за брзо полнење Warp Charge (бивш Dash Charge).
Технологијата за безжично полнење на батеријата наводно е многу побавна во однос на споменатата OnePlus технологија за брзо полнење преку жица.
Како компензација за изостанок на поддршката за безжично полнење на уредите, OnePlus ќе им понуди на корисниците нова уште побрза генерација на Warp Charge полнење на батеријата. OnePlus 7 би можел да биде најавен во текот на мај или јуни, а на пазарот би требало да биде достапен во текот на летото.