Медицината постојано напредува заедно со технологијата, а тоа ни носи нови опции и начини на справување со повреди и болки.
Последниот изум, наречен Zipstitch, е наменет за третирање и затворање на рани на кожата, а работи на еден уникатен начин кој го прави справувањето со исекотини и повреди многу полесно од порано.
Zipstitch е всушност едноставен механизам кој е наменет за затворање и одржување на раните на површината на кожата.
Начинот на употреба на Zipstitch е уште поедноставен отколку самиот механизам. Најпрво треба да ја измиете раната и да ја исчистите крвта, а потоа да го залепите механизмот точно над раната. Единствениот потег кој ви останува понатаму е да го затворите механизмот со помош на малите пластични стеги на двете страни.
This new gadget could revolutionise the way we treat cuts and injuries pic.twitter.com/k7huUTiAvw
— The Independent (@Independent) February 26, 2019
Кога механизмот ќе биде затворен и добро зацврстен, тогаш и раната ќе биде затворена и ќе може да започне процесот на заздравување. Најдобрата работа околу Zipstitch е тоа што не ви е потребна докторска помош, туку можете самите да го наместите на местото каде е потребно.
Креаторите на овој изум тврдат дека тој е многу поиздржлив отколку медицинските конци и неговата предност е што не остава лузни, туку остава кожата самата да заздрави.