Уредите за забава за време на лет (In-flight entertainment IFE) станаа секојдневие во авионите, а изгледаат како таблети вградени во седиштата.
Покрај тоа што им нудат занимација на патниците за време на лет, неодамна беше забележано дека овие уреди во авионите на American Airlines и на Singapore Airlines имаат и вградени камери.
Авиокомпаниите излегоа со соопштенија за јавноста и признаа дека камерите постојат, но дека не се во функција и дека никогаш нема да бидат.
Како што стои во соопштенијата, уредите ги прави трета компанија, а камерите се вградени за да користат кога еден ден ќе има можност за видеоповици за време на лет.
За American Airlines уредите ги направи Panasonic, а за Singapore Airlines уредите се производ на Thales.