LG го претстави својот прв 5G смартфон – V50 ThinQ 5G, кој пристигнува со Snapdragon 855 чипсет и вграден модем Qualcomm X50, кој би требало да обезбеди до 20 пати поголеми брзини во однос на 4G.
LG V50 ThinQ изгледа слично на својот претходник, а има 6,4-инчен OLED FullVision дисплеј со 3120х1440 резолуција. LG го задржа засекот во екранот и не се одлучи за punch hole дизајн, а во notch-от се сместени две селфи камери: стандардна 8MP и 5MP широкоаголна.
Системот со три камери се наоѓа на задната страна и е пренесен од LG V40 ThinQ моделот. Тука се 12MP f/1.5 стандардниот + 12MP f/2.4 телефото + 16MP f/1.9 ултраширок сензор.
LG V50 ThinQ 5G доби за 20 проценти поголема батерија, чиј капацитет сега е 4000 mAh. Тука се и стерео звучниците, 32-битниот Hi-Fi Quad DAC, FM Радио и куќиште со MIL-STD 810G стандардизација.
Кога се во прашање биометриските додатоци, на задната страна се наоѓа сензор за отпечаатоци од прсти, додека селфи камерата има можност за скенирање на лице. Капацитетот на батеријата е 6GB, а просторот за складирање изнесува 128 GB.