Apple ќе соработува со Goldman Sachs за лансирање на нова кредитна картичка, се вели во еден извештај. Картичката најпрво ќе им биде достапна во тест верзија на вработените во компанијата. Технолошкиот гигант е во обид да го направи достапен својот Apple Pay сервис во што е можно повеќе земји, но се очекува дека картичката ќе носи многу поголеми приходи за компанијата.
Секако, картичката на Apple Pay ќе се интегрира со апликацијата Apple Wallet и ќе има дополнителни функции како алатки за менаџирање со пари, долгови, и награди. Дизајнот ќе биде сличен на Apple Health апликацијата со известувања кои ќе го следат вашето дневно трошење и ќе ви испраќа нотификации доколку го пречекорите вашиот поставен лимит за трошење на пари.