Гласините за серијата P30 паметни телефони на Huawei се присутни веќе некое време, а се чини дека компанијата наскоро ќе ја претстави истата, пишува Klix.ba
Компанијата на Твитер објави тизер, потврдувајќи дека планира настанот да го одржи во Париз на 26-ти март. Тизерот сугерира дека главните адути на новиот уред ќе бидат камерите, односно нивната способност за зумирање.
Смартфоните на Huawei P20 Pro и Mate 20 Pro имаат 3x телефото камера, 5x хибриден зум (комбинација од податоци за телефото камера и 40 мегапикселна камера).
Според гласините, Huawei идниот месец во Париз ќе го претстави стандардниот P30 со три задни камери, додека P30 Pro ќе има четири задни камери. Huawei има обичај да го користи чипсетот на Mate за новиот предводник на P-серијата, така што за P30 може да се очекува Kirin 980 процесорот.