Од нашиот известувач од Сан Франциско
НИКОЛА БУРАГЕВ
Samsung го отвори својот Unpacked настан во Сан Франциско со претставувањето на револуционерниот уред со екран на превиткување, наречен Galaxy Fold.
Уредот што во исто време е смартфон и таблет работи на процесорот Snapdragon 855, има 12 GB RAM меморија и вкупно 6 камери.
Galaxy Fold има два екрани, еден помал 4,6 инчен кој се користи во мобилен режим и уште еден 7.3-инчен дисплеј, кога ќе се отвори уредот да работи како таблет.
Цената на Galaxy Fold ќе изнесува 1980 долари во САД.
Паметен телефон. Таблет. Сплотени во едно.
Галакси Фолд е дел од нова посебна категорија која создава поразлично мобилно искуство. Со новиот уред корисниците можат да прават нешта кои досега не можеа да ги прават со обичен паметен телефон. Корисниците сега го имаат најдоброто: превитлив уред кој пристигнува со најголемиот екран за паметни телефони на Самсунг. Галакси Фолд ги обединува материјалните, инженерските и иновациите за екрани, кои се развиваа осум години по појавувањето на првиот флексибилен прототип на екран на Самсунг во 2011 година.
• Нови елементи во дизајнот: Од екранот, куќиштето, до секој елемент што можете да го видите и допрете – Самсунг се грижи за секој детаљ. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на страната каде палецот природно се потпира и уредот лесно се отклучува. Двете батерии и компонентите се подеднакво распределени, допринесувајќи за балансот на овој уред. Уникатнитебои на Самсунг – Вселенско Сребрена, Космос Црна, Марсовско Зелена, Астро Сина, заедно со гравираниот дел за превиткување со Самсунг лого, го комплетираателегантниот изглед и крајниот резултат.
Целосно ново искуство
Галакси Фолд е дизајниран имајќи ги предвид потребите на корисниците на паметни телефони – водени од поголеми и подобри “форм“ фактори кои ги зголемуваат корисничките искуства. Галакси Фолд се менува во екран согласно потребите на корисниците, во моментот кога им е потребен. Тие можат да го извадат од нивниот џеб за еднократни повици, пораки и многу повеќе, или да го отворат за мултитаскинг активности и повисок квалитет на гледање на најголемиот мобилен екран на Самсунг, за презентации, дигитални списанија, филмови и содржини со изменета реалност.
Уникатното корисничко искуство креирано само за Галакси Фолд, создава нови начини преку кои корисниците можат да го искористат максимумот од нивните паметни телефони.
• Мулти-активен прозорец: Има бесконечно многу можности со Галакси Фолд-дизајниран за вистинскиот мулитаскер. Корисниците може да отворат до три активни апликации на екранот истовремено, овозможувајќи им да сурфаат, пишуваат СМС пораки, да работат, да гледаат или споделуваат.
• Континуитет на апликации: Галакси Фолд овозможува лесни и беспрекорни транзиции од едниот кон другиот екран. Како што се отвора и затвора Галакси Фолд, апликациите автоматски ќе се појавуваат онаму каде што корисниците ќе ги остават. Доколку корисниците посакаат да направат убава фогорафија, да променат нешто, или да погледнат поблиску во новостите, тогаш може да уживаат во тоа отворајќи го големот екран и добивајќи полна слика.
Самсунг соработуваше со Гугл и заедницата на Андроид за да се погрижи апликациите и услугите да бидат достапни во рамки на Галакси Фолд за богато корисничко искуство.
Врвни перформанси создадени за превиткување
Галакси Фолд е создаден за интензивна употреба без разлика дали на него се работи, се игра или се споделува, а за сево ова се потребни напредни перформанси. Опремен со моќен хардвер, Галакси Фолд е повеќе од подготвен за различни работни активности.
• За да обезбеди непречено функционирање, дури и при истовремено користење на три апликации, Самсунг го создаде Галакси Фолд со високо напојуван АП чипсет од следната генерација и 12GB РАМ меморија со перформанси слични на компјутер. Софистицираниот систем за двојна батерија е посебно дизајниран да биде во чекор со корисникот. Галакси Фолд исто така може да се полни себеси како и да полни втор уред истовремено преку Безжично споделување на енергија, додека е поврзан со обичен полнач. Со оваа функција корисниците може да понесат само еден полнач кога патуваат.
• Врвно мултимедијално искуство: Галакси Фолд е дизајниран за забава. Благодарение на извонредна визуелизација на Динамичниот АМОЛЕД екран и остар и јасен звук од стерео звучниците создадени од АКГ (AKG), омилените филмови и игри како “Асфалт 9“ оживуваат преку богатиот звук и боја.
• Камера со најголем број различни опции досега: Без разлика на кој начин корисникот го држи и дали го преклопува уредот, камерата ќе биде подготвена за снимање, а корисниците никогаш нема да ги пропуштат важните моменти. Со шест објективи, три во задниот дел, два во внатрешниот дел и еден на предната страна, системот за камера на Галакси Фолд е создаден со флексибилност. Галакси Фолд отвора ново ниво на мултитаскинг, овозможувајќи им на корисниците да користат други апликации за време на видеоповик.
Галакси Фолд претставува повеќе од мобилен уред. Галакси Фолд е портал за цела галаксија поврзани уреди и услуги што Самсунг ги има развиено во текот на годините за да им олесни на потрошувачите да ги прават работите што претходно не можеле. Овој уред, поврзан со Самсунг Декс (Samsung DеX), овозможува искуство слично на компјутер. Платформата Бигзби е поддржана со нови интелигентни функционалности како “Бигзби Рутини“ кои помагаат во исполнување на потребите на корисниците, а Самсунг Нокс ги заштитува податоците и информациите и ги чува безбедни. Од користење на телефонот за купување со Самсунг Плаќања (Samsung Pay), до користење на Самсунг Здравје (Samsung Health) за управување со здравјето и добросостојбата на корисникот, Галакси екосистемот е секогаш покрај корисниците овозможувајќи им да ги следат и реализираат работите кои се нивна страст и пасија.
Галакси Фолд ќе биде достапен во вториот квартал од 2019 година во две верзии – со “LТЕ“ и “5G“ конекција.