Во јануари се појавија информации за планираните промени во API-ата во Google Chrome пребарувачот, кој ќе ги оневозможи различните plug-in-и, пред сè ад блокерите и екстензиите за антивируси, пишува Benchmark.rs
Google тогаш напомена дека овие додатоци имаат негативен ефект врз перформансите, и дека преку промена на начинот на кој се врши пребарувањето, Chrome ќе стане побрз и поефикасен пребарувач.
Сепак, програмерите не беа задоволни од предложените промени, а Cliqz, кој го креираше ад блокерот Ghostery, одлучи да ги тестира тврдењата на Google. Cliqz направи сеопфатна студија, која истражува колку се популарни ад блокерите, како што се uBlock, Adblock Plus и Ghostery, и како тие влијаат врз времето на вчитувањето на страниците.
Се покажа дека тврдењата на Google биле погрешни, а според Cliqz “сите популарни ад блокери се многу ефикасни и имаат средно време за донесување одлуки под милисекунди на барање“.
Во рок од неколку часа откако беше објавена студијата, Google ги објави сопствените подесувања и како планира да ја измени оригиналната препорака. Во овој пост, Google нагласи дека “компанијата никогаш немала за цел да го спречи или прекине блокирањето на содржината“.
Google исто така додал дека ќе ги ограничи правлата за тоа кои екстензии може да се користат, ограничувајќи ги на 30.000 записи. Слично на тоа, на новите стандарди им недостигаше функционалност која блокира медиумски содржини врз основа на условите како што се големината на ресурсите – а Google сега нагласи дека ќе спроведе поддршка за ова.
Поврзани артикли