Владата на Велика Британија размислува да воведе GPS алки за мониторирање осудени криминалци во Англија и Велс. Алките ќе се користат со цел да го следат однесувањето на затворениците кога се надвор од затворите, како и да воведат географски ограничувања.
Владата проценила дека околу 4,000 луѓе секоја година ќе добиваат вакви алки, но не повеќе од 1,000 луѓе ќе го носат овие алки во исто време.
Како и со претходните употреби на овие направи, постојат етички предности но и недостатоци. Со овие направи би можеле да се избегнат или редуцираат затворските казни за мали кривични дела, како и поефективно да се следат сериозни криминалци кои се пуштени од затвор. Овие електронски алки ќе покажуваат кога субјектот е присутен во одредена зграда, но немаат некоја поголема употреба надвор од овие околности. Но, сепак овие направи нудат 24 часовно следење што е од помош во некои случаи каде што криминалците сториле ненасилни кривични дела.
Сепак е мал сомнежот дека им се нарушува приватноста на осудени затвореници.