САД можеби имаа успех во обидот да ги убедат своите сојузници да му забранат на Huawei пристап до нивните 5G мрежи, но не сите се убедени дека оваа компанија претставува закана. Извори на Financial Times тврдат дека Националниот центар за сајбер безбедност на Велика Британија открил дека може да ги ограничи ризиците од користење на опремата на Huawei во 5G мрежите без притоа да целосно да го забрани пристапот.
Овие тези се уште не се потврдени и секоја информација која кажува дека е донесена дефинитивна одлука е неточна.
Сепак доколку агенцијата реши да ја спроведе оваа тактика, тоа ќе значи одбивање на практиката на САД. На тој начин САД потешко ќе може да ги убеди сојузниците да ја блокираат целосно оваа компанија.
Поврзани артикли