5G e една од најжешките теми за мобилна технологија во оваа година и голем број производители на паметни телефони се подготвуваат да ги претстават своите први модели со новата технологија.
LG ќе биде меѓу пионерите, бидејќи компанијата објави дека првиот 5G мобилен телефон ќе биде достапен за US Sprint и тоа во првата половина од годината. Сега компанијата го објави датумот на официјалната премиера на уредот – 24. февруари. Местото на настанот е Барселона во пресрет на Светскиот мобилен конгрес.
Јужнокорејската компанија исто така сподели и некои информации за новиот уред, вклучувајќи ја и употребата на чипсетот Snapdragon 855 и системот за ладење базиран на испарувачката комора. Моделот исто така ќе има и батерија со висок капацитет од 4.000 mAh.