Кинеските паметни телефони минатата година ја преплавија Европа, пишува во новиот извештај на компанијата за анализа на пазарот Каналис.
Новите податоци го потврдија трендот, што досега само се насетуваше.
Huawei, Xiaomi и OnePlus, кинески брендови на паметни телефони, во 2018 година сочинуваа 32 отсто, односно речиси една третина од вкупниот број на мобилни телефони продадени на европскиот пазар.
Приматот го држи Huawei со удел од 23 отсто и 42,5 милиони доставени апарати на Стариот континет. Тие во последниот квартал минатата година доставиле 13,3 милиони апарати, а со тоа го зголемиле извозот за 55 отсто во однос на 2017 година.
Колку за споредба, Аппле во Европа извезол незначително повеќе Ајфони и тоа само 42,8 милиони.
Аналитичарите предвидуваат дека Huawei во Европа до крајот на годината ќе го симне „Епл“ од второто место, токму како што наскоро ќе стори и во остатокот од светот.
Во опасност се наоѓа и досега недопирливиот Samsung. Јужнокорејскиот „џин” и американскиот Apple бележат пад во продадени апарати во светот од осум, односно 3,2 отсто. Huawei, од друга страна, скокна за 33 отсто, а неочекуван скок од 32,2 проценти забележа и Xiaomi.