Chrome OS одамна е познат како еден од најлесните оперативни системи прилагодени за студентите и други љубители на послаби хардверски машини.
Интересно, Google продолжува да додава сериозни подобрувања во софтверот, иако многумина немаат сериозни очекувања. Следниот чекор е да се понуди т.н. „виртуелен декстоп“. Ова е функција која нуди зачувување на одредени апликации и нивно групирање.
На пример, тоа овозможува да имате десктоп за работа и позадина со лични апликации и фајлови. Слични додатоци се достапни во оперативните системи како Linux и macOS, како и веќе на некои понови верзии на Windows 10.
Како што многумина очекуваат идејата за виртуелен десктоп не се разликува од останатите и е многу идентичен спрема другите. Сè уште нема информации за тоа кога ќе биде објавен, но ќе им заштеди доста време на корисниците.