Новиот т.н „зелен“ багер, односно Z-Line, со нула емисија е направен врз база на Caterpillar 323F. Колосалната дизел машина е заменета со моќен 300kVarh батериски сет. Батеријате е повеќе од три пати потешка од оригиналната машина, но може да обезбеди доволно енергија за непречена работа од 5 до 7 часа. Целосното полнење бара 2 часа. Оваа конверзија е резултат на соработката на  норвешката компанија Pon и компанијата Caterpillar во текот на 11 месеци. Норвешката градежна компанија Veidekke го купила првиот производ, и нарачала уште 8.

Додека многу комании интензивно инвестираат во електрични камиони со цел да ја трансформираат логистиката, градежништвото како индустрија останува на страна од овие трендови. Сепак, градежната индустрија е сериозен загадувач. Компанијата Pon истакнува дека градежната механизација во моментот е одговорна за 30% од емисиите во Осло. Но, со подобрување на технологијата и капацитетот на батериските системи, веќе и овие моќни и енергетски захтевни машини не е проблем да се конвертираат во електрични.