Пред да ја промените профилната фотографија, објавите твит или поставите нова фотографија на Instagram, проучете кој е најдобриот момент за тоа.
Според апликацијата Latergramme која служи за планирање на објавите на социјалните мрежи, идеален период од денот за собирање лајкови, односно објавување фотографии на Instagram е 17 часот и два часот по полноќ.
На апликацијата наведуваат и дека за секој ден во неделата постои одредено време кога за објавите ќе добиете најмногу лајкови.
Еве го и точниот распоред:
Понеделник: 19 и 22 ч.
Вторник: 3 и 22 ч.
Среда: 17 ч.
Четврток: 7 и 23 ч.
Петок: 1 и 20 ч.
Сабота: 12 и 2 ч.
Недела: 17 ч.