Два алигатора со портокалова боја на кожата предизвикаа забуни кај целата заедница во Јужна Каролина, пишува Си-ен-ен.
Многумина се обиделе да дознаат зошто алигаторите во езерцето, кое се наоѓа во градот Блафтон, одеднаш добиле портокалова боја. Така, некои сметаат дека алигаторите се обоени од страна на навивачи на американскиот фудбалски клуб „Клемсон Тајгерс“ или, пак, дека станува збор за некој чуден вид албино-алигатори.
Here is Friday's orange alligator pic.twitter.com/w8Ssbd7ZjO
— Ivan Kutyabalzov (@ScottAnderson54) February 15, 2019
Ништо од горенаведеното“, рекол Дејвид Лукас од одделот за природни ресурси во Јужна Каролина.
Тој смета дека овие бои настанале поради ‘рѓа во одводните цевки.
„Алигаторите во зима сакаат да пронајдат место за хибернација“, објаснил Лукас.
Можно е некои од нив да завршат во близина на за’рѓани цевки во текот на зимата, па потоа ‘рѓата да ги извалка“, објаснил тој.
Пред две години, во приближно ист период, се појави уште еден портокалов алигатор во мало езеро во Чарлстон. Во овој период од годината времето затоплува, па алигаторите се будат од состојбата на хибернација.