Проектот „Светот на Биби“ беше промовиран на „Кидскрин самит“, најголемиот настан посветен на детската забавна индустрија во САД, а се одржа во Мајами, Флорида. Настанот од светски калибар, кој на едно место ги собира сите големи брендови посветени на детската забавна индустрија, се одржа од 11 до 14 февруари.
За промоцијата на „Светот на Биби“ се погрижи Сарита Кастиљо, извршен директор на „Линкс студио“, најголемото студио за 2Д-анимации во регионот.
Покрај „Светот на Биби“, Кастиљо го претстави и „Јон Вардар и галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, првиот македонски долгометражен анимиран филм, кој се очекува да биде готов за две години.
Најголемото 2Д-студио за анимации во регионот – „Линкс студио“ стана партнер на „Еф-Три“ во меѓународната промоција на проектот „Светот на Биби“. Приказната за Биби и Боби ќе добие можност да ги напушти границите на нашата земја и да биде презентирана на саеми наменети за производи со детска видеосодржина.