Според истражувањето на аналитичката компанија Canalys, пазарот на смартфони во Европа во текот на 2018. година го карактеризирале два главни тренда – кинеските производители преземаа третина од пазарот, а премиум моделите доживеаја голем пад на популарноста.
Западна Европа е најголем подрегион, каде што се испорачани 128 милиони телефони, од вкупно 197 милиони паметни телефони. Европскиот пазар во целина доживеа пад од 4 проценти на годишно ниво, додека Западот генерално имале најмала испорака уште од 2013. година.
Вината за ваквата состојба на пазарот се припишува на зголемената цена на премиум моделите – Велика Британија, германија и скандинавските земји доживеаја најголем пад на продажбата на премиум смартфони. Земјите со пониска просечно продажна цена, кои се фокусирале на средниот сегмент (Шпанија и Италија), имале зголемена продажба.
Во минатата година, на европскиот пазар беа претставени многу кинески смартфони, компаниите Huawei и Oppo своите телефони ги претставија во Париз, а следуваа Xiaomi и OnePlus, кои полека се шират и се повеќе се популарни. Canalys тврди дека 32 проценти или отприлика една третина од продадените уреди во Европа се производ на кинеските компании, а Huawei зазема “лавовски” удел со повеќе од 20 отсто од вкупниот пазар во последните месеци на годината.
Samsung и Apple и натаму ги задржаа своите водечки позиции на пазарот, но двете компании забележаа пад на продажбата во Европа. На трето место е Huawei, а потоа следуваат Xiaomi и Nokia.
Поврзани артикли