Технолошкиот гигант Amazon објави дека нема да продолжи со плановите за изградба на втора централа во Њујорк поради зголемување на опозицијата од локалните политичари, пренесува „Ројтерс“.
Компанијата соопшти дека нема да рестартира процесот на барање „за момент. Ќе продолжиме, како што беше планирано, во Северна Вирџинија и Нешвил и ќе продолжиме да вработуваме луѓе и да растеме со нашите 17 корпоративни канцеларии и технолошки хабови во САД и Канада“.
Компанијата почна да ги разгледува алтернативите минатата недела. Онлајн трговецот на мало се уште нема купено земјиште за проектот што ќе ги олесни нејзините планови за запирање, коментира запознаен извор за „Ројтерс“.
Amazon објави дека ќе создаде 25.000 работни места и ќе се изгради една од двете нови централи во регионот Лонг Ајленд Сити во квартот Квинс.
Предлогот се судрил со опозицијата од локалните политичари, кои се противат на стимулациите за 2,8 милијарди долари, ветени на Amazon во зделката, тајно договорена од гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо и градоначалникот на градот Бил де Бласио.
Компанијата изјави дека за Amazon решеноста да изгради нова централа бара позитивни односи на соработка со државните и локалните избрани официјални лица кои ќе дадат поддршка на долгорочен план.