Според дизајнерот, Inyeop Baek, ‘CONE’ е решение за поедноставување на компјутерското глувче. Примарното копче на конусниот маус зафаќа голема површина и е вертикално поставено, додека скролерот удобно лежи на палецот.
Одлуката на дизајнерот за создавање на вертикално глувче, е направена со цел удобно, лесно користење кое ќе овозможи подобра контрола, брза и прецизна реакција. Класичните компјутерски глувци имаат облик кои не тераат да ја држиме раката во неправилна и неприродна положба. Долгото користење на истите доведува до проблеми кои се појавуваат во рачниот зглоб кои предизвикуваат болки.
Дизајнерот воден од биологијата на раката која вели дека нашата рака природно се наведнува на таков начин, тврди дека после подолго користење на конусниот маус CONE нема да имате никакви последици. И покрај својата невообичаена форма CONE ја користи истата сензорска технологија како и еден класичен компјутерски глушец. Луѓето кои го користат CONE велат дека на почетокот е доста необично користењето на истиот, но откако ќе се навикнете ќе сватите колку овој дизајн е корисен.
Поврзани артикли