YouTube веќе во неколку наврати се најде на мета на критики поради алгоритмот кој што е задолжен за препораки на видео содржините на корисниците.
Така, на пример, многу деца можат да видат за нив непримерни снимки, а исто така на оваа платформа можат да се најдат најразлични видеа кои не се научно точни, односно даваат претпоставки, без притоа да понудат конкретни докази или факти.
Токму поради тоа, од YouTube најавија остра борба против непримерната содржина. Неодамна најавија и борба против виралните предизвици кои што често завршуваат и трагично, а сега ќе се посветат и на видеата кои што балансираат на границата на прекршувањето на Правилата за користење
YouTube ќе го намали бројот на препораки за видеата чија што содржина би можела на гледачите да им пружи штетни информации како што се видеа кои што промовираат чудотворни лекови, видеа на кои што се тврди дека Земјата е рамна плоча, или пак промовираат теории на заговор.
„Иако овие промени ќе се одразат на помалку од 1% од содржините на YouTube, веруваме дека ограничувањето на препораките за ваквиот тип на видеа ќе понуди и подобро искуство за корисниците на YouTube“, стои во официјалното соопштение.
Од YouTube исто така нагласија дека промената ќе се однесува на статусот на видеата во препораките, а не на нивното објавување на YouTube. Така, тие кои што ќе сакаат да ги гледаат ќе можат да го направат тоа, но само ако активно ги бараат или пак се претплалтени на некој канал кој што објавува такви видеа.
„Ние веруваме дека со ваквата промена ќе постигнеме рамнотежа помеѓу одржувањето на слободата на говорот и одговорноста кон нашите корисници“, стои во соопштението на YouTube.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли