Еден месец откако Кина успешно го спроведе историското слетување, каде се спуштени роботски уреди на далечната страна на месечината, НАСА објави фотографии кои докажуваат дека мисијата успешно се спроведува.
Всушност, НАСА го фотографираше местото на слетување на 30 јануари, со помош на леталото Lunar Reconnaissance Orbiter, откако на месечината, на 3 јануари се спуштени два ровери и лунарна сонда. Големина на роверот е колку просечен автомобил кој треба да биде на далечната страна на Месечината околу 12 месеци, а во кругот на мисијата Chang 4, спуштен е и Yutu 2 ровер со големина на столица, чиј рок е предвиден на три месеци поради лошите временски услови во регионот. Задачата на овие машини е да снимат фотографии на страната на Месечината која не е видлива од Земјата, проучување на геолошките карактеристики, потрага за замрзнати течности, да го скенира небото во потрага по дополнителни активности.
Научниците од НАСА на фотографиите ги забележаа роверите, и воочија дека активностите се одвиваат според планираното, а ова не е прв пат НАСА да го следи кинеското слетување на месечината, каде на 30 декември 2013 година, НАСА го искористи истото летало да ја лоцира мисијата Chang 3, која беше актуелна во тоа време.
Поврзани артикли