Луѓето еден ден би можеле да се преселат на Марс за помалку од 100.000 долари и да се вратат бесплатно на Замјата, доколку не им се допадне на Црвената планета, пишува „Индепендент“.
Елон Маск верува дека еден ден обичните граѓани ќе можат да одат на Марс и таму да започнат живот.
– Убеден сум дека преминот на Марс еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби дури и ќе биде под 100.000, вели Маск.
Тој смета дека цената е доволно ниска за луѓето во развиените економии да можат да ја продадат својата куќа на Земјата и да се преселат на Марс, доколку го сакаат тоа.
Маск се надева дека патниците ќе одат на Марс со вселенски брод на компанијата – Старшип, кој е во процес на тестирање.