Неверојатни снимки од „Камената сала“ на Марс (ВИДЕО)

Роверот Curiosity на НАСА сними неверојатен видео-материјал на црвената карпа на Марс, Вера, која ја нарекуваат Камена сала. Видео-снимката е направена на 19 декември.

Истражувањето на Црвената планета би можело да ѝ помогне на НАСА да дознае повеќе за нејзиното минато. Според Абигејл Фриман, која работи на проектот, досега имало многу изненадувања поврзани со планетата.

„Од гребенот си заминуваме со поинаква перспектива од претходно. Во внатрешните делови роверот откри хематит, минерал богат со железо, кој често се создава во вода“, вели Абигејл.

Според неа, тоа укажува дека со текот на времето подземните води поинаку делувале на одредени делови на гребенот од останатите.

Роверот сега ќе го истражува делот за кој се знае дека има минерална глина.

Извор: B92.net